Кленковски вели дека со пасош кој го содржи името Република Македонија може да се излезе од Германија доколку се поседува патен лист издаден од дипломатско-конзуларно претставништво на Македонија, но не и да се влезе во таа земја. Тој нагласува и дека од Германија може да се излезе со важечки пасош со старото име на нашата држава, но доколку не се поседува патен лист дека притоа тој наш државјанин добива кривична пријава.
Својата фејсбук – објава Кленковски ја напишал додека се наоѓал на аеродромот во Бeрлин откаде патува за Македонија.
Инаку, неодамна Кленкоски како претседател на Централниот совет на Македонците во Германија имал средба со новиот амбасадор на Македонија, Илбер Села на која станало збор за проблемите со пасошите на нашите државјани кои живеат во Германија.
„Амбасадорот беше замолен да ги изложи проблемите на македонската заедница пред Владата и да се ангажира за брзо решение на предизвиците, слично како што се случи со возачките дозволи. Како знак на почит му беше доделен на амбасадорот еден примерок од книгата ‘Создавањето на независна Република Македонија’, поточно германската верзија ‘Gründung der unabhängigen Republik Makedonien’ од д-р Дејан Маролов и Оливер Митев. Оваа книга беше финансирана од Централниот совет на Македонците во Германија да се преведe на германски јазик со намера да се подари на библиотеки, факултети и на личности од Германија. Целта е македонската страна на историјата исто така да најде место на полиците и да се изучува со факти“, соопштија тогаш од македонската организација во Германија.