недела, 24 ноември 2024

Клековски: ФЗОМ воведува на позитивната листа иновативна терапија за пациентите со цистична фиброза

Генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски, денеска се сретна со делегација на Вертекс, единствениот производител на иновативна терапија за цистична фиброза во светот.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата која беше истакната посветеноста и грижата на Фондот за пациентите со цистична фиброза, информираат од Фондот.

Клековски истакнал дека се прават напори за подобрување на грижата на државата за пациентите со цистична фиброза.

„Подготвени сме за подобрување на грижата кон пациентите со цистична фиброза со вклучување на поголем број  пациенти, што е можно поскоро“, истакнал директорот на Фондот за здравствено осигурување , Клековски.

Делегацијата на Вертекс била предводена од Адриан Василиу, комерцијален директор за Централна и Источна Европа. На средбата бил присутен и Игор Г. Николов, советник на премиерот за реформи во здравството.

Директорот на Фондот се заблагодарил за напорите на Вертекс да вклучи иновативна терапија и за целокупната поддршка на Македонија, која започнала во 2022 година.

Претставниците на делегацијата на Вертекс го истакнале значењето на раната детекција на болеста цистична фиброза, каде МАНУ има резултати на европско ниво, како и потребата од навремено вклучување на болните кои ја имаат оваа дијагноза во програмите за лекување.

Клековски најавил дека следната недела ќе заврши процедурата за внесување во позитивната листа на лекот Микрозим, кој е од групата на панкреасни ензими, и е наменет за овие пациенти.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ