недела, 20 октомври 2024
Социјалните мрежи се полни со коментари дека овој настан е добра вест

Класна му удри шлаканица на 6-одделенец и го избрка од час, таткото ја пријави во полиција

Објавено на

часот

Сподели

„Завчера во 15.20 часот во ОВР Кичево, С.И.(40) од Кичево пријавил дека неговиот малолетен син, ученик во едно основно училиште во Кичево, бил физички нападнат од неговата класна раководителка“, информира МВР.

Според наши информации се работи за основното училиште „Санде Штерјоски“, а причина за пријавата во полицијата е шлаканица по лице на ученикот и бркање од час. Но, засега не е позната причината поради која наставничката се одлучила на ваков чекор, иако сигурно знаела дека во образовниот систем е забрането кревање на рака врз ученик. Не е познато дали можеби се работи за проблематичен ученик и не е познато поради што наставничката загубила контрола во однесувањето.

Деновиве социјалните мрежи се полни со коментари дека треба да се врати некогашниот однос наставник-ученик, кога речиси вообичаено било наставникот да примени и ќотек во дисциплинирањето на учениците и за тоа не одговарал ниту пред директорот, ниту пред повисоки истанци. Со таков случај било незмисливо да се зафати полицијата.

По социјалните мрежи се коментира дека сега ако наставник го повиши тонот или удри дете, родителите веднаш реагираат, пријавуваат во училиштето, некои одат и подалеку па пријавуваат во полиција, наместо да го советуваат и воспитуваат детето.

Во коментарите се отиде во друга крајност па има голем број родители кои ѝ даваат поддршка на наставничката која што ја влепи шлаканицата, оценувајќи дека е тоа добра вест и дека во иднина треба да се слушаат повеќе вакви вести.

Случувањата со малолетните деца кои во последно време се повеќе се застапени по социјалните мрежи и во кои, за жал има човечки жртви како да им дадоа идеја на малолетниците за недолични однесувања, но и ги натераа родителите да размислат дали и колку време минуваат со нивните деца, дали се преоптоварени со обврски и не посветуваат доволно време онаму каде што се најпотребни.

Кога се случи масовното убиство во Белград во државава многу родители на социјалните мрежи споделуваа една иста мисла „Разговарајте со децата“ (Pricajte sa decom). Но, ова треба да биде секојдневна пракса, а не начин да му покажеме да општеството дека сме грижливи родители и да делиме совет кој ќе трае 24 часа и ќе заборавиме на истиот.

Со децата се разговара секојдневно, а не само кога ќе се случат трагедии.

„Да градиме мирна и хармонична училишна средина без било какви облици на  насилство. Да создадеме амбиент во кој младите ќе се фокусираат исклучиво на вистинските цели на воспитно- образовниот процес, на стекнувањето знаења и  вредности кои ќе ги направат да бидат добри луѓе, а насилството воопшто нема да биде тема. Потребна е средина во која ќе преовладува толеранцијата, младите ќе ги  почитуваат меѓусебните разлики и нема да гледаат на нив како поводи за конфликти“, е ставот на Министерството за образование и наука испратени до сите чинители на образовниот систем преку нова  кампања  за  подигнување на свеста особено кај младите, за важноста на мирот,  ненасилно  и  толерантно  однесување  во и надвор од училиштата. 

МОН упати апел до сите граѓани, доколку биде забележан било каков облик на насилно однесување во училиштата, да биде пријавен на електронската адреса [email protected], односно [email protected], или пак до стручните служби во училиштата, со цел навремено да се реагира и да е спречат посериозни инциденти и последици.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ