вторник, 22 октомври 2024
Министерот за одбрана

Ќе вложиме дополнителни напори да ја помогнеме украинската борба, вели Мисајловски

Целосна поддршка за одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и украинскиот народ, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски на денешната средба со амбасадорката на Украина, Лариса Дир и одбранбеното аташе, полковникот Серхии Кацуба.

Објавено на

часот

Сподели

„Покрај политичката поддршка која безрезервно ја имате, ќе вложиме дополнителни напори да помогнеме во вашата борба. Оваа војна мора да запре веднаш и на дипломатски начин да се реши“, потенцирал Мисајловски.

Како што информираат од Министерството за одбрана, на средбата министерот Мисајловски нагласил дека ќе се заложи за интензивирање на соработката помеѓу двете министерства за одбрана, зајакнување на комуникацијата, а успешната соработката со амбасадата на Украина ќе продолжи да се одвива по нагорна линија.

Амбасадорката Дир упатила благодарност до министерот Мисајловски, Армијата и граѓаните за сета досегашна помош и поддршка која нашата земја и ја даде на Украина и украинскиот народ, велат од министерството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ