вторник, 22 октомври 2024

Ќе тргнат ер-трактори кон пожарите, одобрено да полетаат двајца пензионирани пилоти

На денешната седница, Владата даде согласност на Дирекцијата за заштита и спасување – ДСЗ, со договор на дело да ги ангажираат двајцата пензионирани пилоти на Ер трактори, соопшти директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Објавено на

часот

Сподели

„Утре рано претпладне со нив ќе биде потпишан договор на дело. Веднаш потоа Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе ја тргне забраната за летање и ер тракторите на ДЗС ќе може да полетаат кон пожарот на планината Серта (Конечка планина), а по потреба и кон било кој друг приоритетен пожар за гаснење“, изјави Ангелов.

Toj не наведе детали, односно колку ќе биде платен ангажманот на пилотите.

Како што веќе информираше МКД.мк, проблемот настана откако ер-тракторите останаа без пилоти.

Од тројца пилоти со кои располагаше Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), оваа година остана само со еден, откако двајца исполнија услови за старосна пензија. Директорот на ДСЗ за МКД.мк имаше изјавено дека за да се вратат двајцата обучени пилоти, ДЗС бара од Министерството за финансии (МФ) плата во висина од 300.000 денари. Според него, работното место пилот во ДЗС со плата од 72.000 денари е неатрактивно и затоа посочува дека потребно е порамнување на платите на државно ниво.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ