недела, 24 ноември 2024
Средба кај вицепремиерот

Ќе ја издигнеме културата на помалите етнички заедници, рече Стоилковиќ на средба со Бошњаци, просветни работници

„Мораме да го шириме мултиетничкиот дух, ова е идеална можност да се зачуваме, овде живееме сите и затоа во мене, пред сѐ, ќе имате секогаш пријател и се надевам на добра соработка“, изјави вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ кој, по повод 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, организираше прием за група просветни работници од земјава, кои предаваат на босански јазик.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата присуствуваа и директорот на Управата за унапредување на образованието на јазиците на заедниците Мирослав Тричковиќ и советникот за босански јазик при Управата Исмаил Демировиќ.

„Средбата се одржа во конструктивна атмосфера, а беа разменети мислења и ставови за актуелните состојби кои се однесуваат на етничките заедници во земјава, со фокус на подобрување на нивната положба и ширење на мултиетничкиот дух.

Вицепремиерот и министер Стоилковиќ упатувајќи пригодна честитка до сите Бошњаци кои живеат во земјава вети дека ќе се потруди во идинина, а согласно средствата со кои ќе располага Министерството за односи меѓу заедниците во Буџетот за 2025 година, и тие, како и сите етнички заедници да имаат рамноправен пристап до нив.

Мораме да го шириме мултиетничкиот дух, ова е идеална можност да се зачуваме, овде живееме сите и затоа во мене, пред сѐ, ќе имате секогаш пријател“, рече Стоилковиќ, потенцирајќи оти се надева на добра соработка.

Изразувајќи го огромното задоволство што од постоењето на Министерството ова е прва средба со претставници на бошњачката заедница, просветните работници ветија дека преку лилјанот како национален симбол на Бошњаците и Правописниот прирачник на босански, хрватски и српски јазик со основи на граматика заеднички ќе се заложат културата на помалите етнички заедници да се издигне на повисоко ниво, се вели во соопштението за содржината на средбата.

„Соговорниците на крајот од средбата се согласија дека ова е само прв чекор, со единствена цел унапредување на положбата на помалите заедници кон подобри резултати и нови, идни планови“, велат од министерството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ