„Во однос на размислувањето на Израел за поместување на операциите на југ, ние рековме дека не поддржуваме такви операции без јасен план од Израелците да објаснат како тие ќе го заштитат драматично зголемениот број цивили на југ“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.
Кирби рече дека зголемувањето на бројот на луѓето се должи на фактот дека голем број цивили биле евакуирани од северот по предупредувањето од Израел и дека САД се задоволни што гледаат дека се воспоставени безбедносни коридори од север за оние што бараат засолниште од северна Газа.
„Сега тој народ е на југ и затоа е поголема одговорност за Израелците тој да биде безбеден пред да почнат операциите на југот, да ги заштитат цивилите“, посочи Кирби.