вторник, 22 октомври 2024

Кинески претставник: „Русија и Кина не претставуваат закана за другите земји“

Објавено на

часот

Сподели

Тој нагласи дека меѓународната заедница е многу свесна за тоа кој „ја претставува вистинската закана“, со што очигледно сугерираше дека САД и НАТО се виновни за украинската криза, пренесе Тасс.

„Кина и Русија секогаш цврсто се придржуваат до принципот на неврзаност, не поттикнуваат антагонизам и не преземаат дејствија против ниту една трета страна“, му одговори тој на новинарот кој изјави дека Пекинг „не направи ништо за да ја принуди Русија да ги повлече своите трупи од Украина“.

Според кинескиот дипломат, Пекинг и Москва ја зајакнуваат пријателската билатерална соработка и развиваат заемно корисни врски. Тој нагласи дека Кина и Русија секогаш се стремат да изградат нов тип на меѓународни односи засновани на принципите на меѓусебно почитување, еднаквост, правда и заемна корист.

„Очигледно е и неоспорно дека придонесуваме за зачувување на мирот и за подобрување на развојот во регионот и светот во целина“, истакна тој.

Ли Хуи се врати од турнејата низ Украина, Полска, Франција, Германија, седиштето на ЕУ и Русија од 15-ти до 26-ти мај. Освен со дипломати од споменатите земји, кинескиот функционер се сретна и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а беше гостин и на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Главната цел на разговорите беше да се најде решение за украинскиот конфликт“, изјави дипломатот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ