вторник, 22 октомври 2024

Кинески министер му порача на Блинкен да не се меша во внатрешните работи на Кина

Објавено на

часот

Сподели

Разговорот меѓу двајцата високи функционери се одржа пред планираната посета на Блинкен на Пекинг, чија цел е да се намалат тензиите меѓу двете светски сили за повеќе прашања, од наводи за шпионажа до конфликти со полупроводници, пренесува Ројтерс.

За време на разговорите, Чин рече дека се надева оти Америка ќе покаже разбирање, ефикасно ќе управува со разликите и ќе ја промовира комуникацијата и соработката.

Чин, исто така, истакна дека Америка треба да ги почитува основните грижи на Кина, како што е проблемот со Тајван.

Тој исто така изрази надеж дека односите меѓу Кина и САД ќе се стабилизираат и ќе се вратат на патот на здрав и стабилен развој.

Блинкен рече дека е потребно високо ниво на комуникација за да се избегнат „грешки и конфликти“, пренесува Ројтерс.

Доколку Блинкен отпатува во Пекинг, тоа ќе биде прва посета на американски функционер на Кина во последните пет години.

Во февруари Блинкен го откажа планираното патување во Пекинг поради кинескиот наводно шпионски балон кој леташе над американска територија.

Кинеските власти сè уште не објавиле никакви информации поврзани со посетата, но американски претставник минатиот петок изјави дека државниот секретар треба да биде во Кина на 18 јуни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ