петок, 18 октомври 2024

Кинески хакери упаднале во системите на поголем број американски владини агенции, вклучувајќи го Стејт департментот

Објавено на

часот

Сподели

Обемот на хакирањето не бил веднаш јасен, но лице запознаено со истрагата кажало дека американските воени и разузнавачки агенции не се меѓу засегнатите. Друг американски функционер кажал дека Стејт департментот е првата агенција која го открила хакерскиот напад.

Американската Агенција за сајбер безбедност и ФБИ соопштија дека Мајкрософт утврдил дека хакерите пристапиле до податоците и ги украле „од мал број налози“ со лажно претставување дека тие се нивни овластени корисници.

Претседателот на сенатскиот одбор за разузнавачки прашања Марк Ворнер издал соопштение во кое се наведува дека „внимателно го следи она што се чини како значително кршење на сајбер безбедноста од страна на кинеска разузнавачка служба“, што покажува дека Кина „постојано ги засилува своите можности за сајбер собирање податоци насочени против САД и нашите сојузници“.

Случајот со хакирањето го открил Мајкрософт. За упадот обвинија хакерска група поддржана од државата, фокусирана на шпионирање, „за која е познато дека цели владини агенции во западна Европа“.

Мајкрософт соопшти дека групата, наречена Сторм-0558, од средината на мај добила пристап до налози на е-пошта поврзани со околу 25 организации, вклучувајќи владини агенции, како и кориснички налози на поединци кои се веројатно поврзани со тие агенции.

Портпаролот на американскиот Совет за национална безбедност Адам Хоџ кажа во соопштение дека „владините заштитни сили“ го откриле упадот и дека веднаш бил контактиран Мајкрософт.

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливен за американски Еј-би-си кажа дека истрагата е во тек. „Го откривме тоа прилично брзо и успеавме да спречиме понатамошни напади“, кажа Саливен.

Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Ванг Венбин обвинувањата ги нарече „дезинформации“ чија цел е да го свртат вниманието од американското сајбер шпионирање против Кина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ