петок, 25 октомври 2024

Кина: Војната во Газа е срам за цивилизацијата

Војната на Израел против Хамас е трагедија и срамота, порача Пекинг во моменти кога посредниците во Египет се обидуваат да договорат привремено примирје во Појасот Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Трагедија е за човештвото и срам за цивилизацијата тоа што денес, во 21 век, оваа хуманитарна криза не може да се сопре“, кажа кинескиот министер за надворешни работи Венг Ји.

Конфликтот во Газа, кој почна по упадот на Хамас на 7 октомври, ја опустоши енклавата. Големи делови од Газа се целосно уништени, убиени се повеќе од 30.000 Палестинци, а министерството за здравство во Газа соопшти дека 20 луѓе починале од потхранетост и дехидрација, од кои половина деца.

Обединетите нации соопштија дека само ограничено количество помош стигнува до северна Газа, каде гладот достигнал „катастрофално ниво“.

Кина, која историски ја поддржува палестинската кауза, повикува на прекин на огнот од самиот почеток на конфликтот.

„Меѓународната заедница мора итно да реагира, да му даде приоритет на актуелниот договор за прекин на огнот и да прекинат непријателствата, како и да обезбеди постоење хуманитарна помош“, кажа Ванг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ