Пожарникарите во гаснењето на пожарот наидоа на потешкотии поради стрмниот терен, високите температури и ветерот, поради што локалните власти во саботата навечер одлучија да спроведат операција „сеење облаци“ со цел да предизвикаат дожд, јавува кинеската новинска агенција Синхуа.
Повеќе од 2.200 пожарникари со опрема учествувале во операцијата за гаснење на пожарот, што избувна во средата, соопшти штабот за вонредни случаи на градот Линфен.
Пожарот во планинска шума во округот Анзе најверојатно бил предизвикан од удар на гром.