петок, 18 октомври 2024

Кина им порача на САД „да се воздржат од интервенција“ во изборите на Тајван, ги критикуваше официјалните посети

Кина денеска ги повика САД „да се воздржат од интервенција“ на изборите на Тајван, критикувајќи ги официјалните посети меѓу островот и САД, откако Вашингтон соопшти дека ќе испрати делегација таму по изборите оваа недела.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вашингтон мора „да се воздржи од интервенција во изборите во регионот Тајван во каква било форма, за да избегне предизвикување сериозна штета на кинеско-американските односи“, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи Мао Нинг.

„Кина секогаш цврсто се противи на каква било форма на официјална размена меѓу САД и Тајван“, додаде таа, по објавувањето на плановите на Вашингтон да испрати „неофицијална“ делегација во Тајван по клучните избори на самоуправниот остров.

„Во светот постои само една Кина, а Тајван е неотуѓив дел од Кина“, додаде таа, пренесе Франс прес.

Мао, исто така, го осуди предупредувањето на САД до Пекинг против поттикнување тензии околу гласачките места.

Кина „изразува силно незадоволство и решително противење на дрското брборење на американската страна за изборите во регионот Тајван“, рече таа.

„Тајван е јадрото на клучните интереси на Кина и е црвената линија број еден што не смее да се прекрши во односите меѓу Кина и САД“, нагласи Мао.

„Ја повикуваме американската страна… да преземе практични активности за исполнување на обврските преземени од лидерите на двете земји“, рече таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ