вторник, 22 октомври 2024

Кина и земјите од Југоисточна Азија сакаат да потпишат пакт за ненапаѓање

Дипломатите од Кина и Југоисточна Азија сакаат да склучат пакт за ненапаѓање во Јужното Кинеско Море, соопштено е за време на тридневните преговори организирани од Пекинг, каде што изразија загриженост за неодамнешните судири во спорните води.

Објавено на

часот

Сподели

Во последниве месеци, Филипините протестираа против, како што велат, сè поопасните и провокативни маневри на кинеската крајбрежна стража и бродови на морнарицата.

САД го повторија своето предупредување дека се обврзани да ги бранат Филипините доколку филипинските сили бидат нападнати каде било во спорните води.

Дипломати од Здружението на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) изразија особена загриженост поради неодамнешните судири.

Кина и Филипините објавија спротивставени верзии за средбата на отворено море за време на „напната размена“ и одделно објавија видео снимки од судирот, изјавија дипломати за Асошиетед прес.

Преговорите во Пекинг беа последната рунда преговори меѓу Кина и АСЕАН за создавање „кодекс на однесување“ за да се спречи поголем вооружен конфликт во Јужното Кинеско Море што би можел да ги спротивстави Кина и САД.

Кина и четирите земји-членки на АСЕАН, Брунеи, Малезија, Филипини и Виетнам, заедно со Тајван, се заглавени во повеќедецениски територијален спор околу важен воден пат клучен за глобалната трговија, за кој се верува дека се наоѓа на големо подморско наоѓалиште на нафта и гас.

Спорната територија се смета за геополитички фокус на Азија во ривалството меѓу САД и Кина во регионот.

Вашингтон нема територијални претензии во Јужното Кинеско Море, но рече дека слободата на пловидба и прелетување, како и мирното решавање на споровите се во национален интерес на САД.

Америка ги оспори територијалните претензии на Кина во регионот, а Пекинг луто реагираше предупредувајќи ги САД да престанат да се мешаат во, како што го нарекува, азискиот спор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ