„Во рамките на антитерористичките вежби, воениот персонал на двете земји ќе ги разработува прашањата за ноќни слетувања, совладување водени пречки и изведување операции во урбани услови“, објави белоруското Министерство за одбрана на Телеграм.
„Групирањето на НАТО на границата со Белорусија рапидно расте, што доведува до зголемување на тензиите во регионот“, се вели во друга објава во која се предупредува на „остар одговор“ доколку некој ги „премине границите на Белорусија“, пренесува Политико.
Вежбите се одговор на „агресивната надворешна политика на Западот кон Белорусија“ и на „украинските провокации“, изјави Владимир Купријањук, заменик-началник на Генералштабот на белоруските вооружени сили.
Вежбите почнуваат во пресрет на самитот на НАТО во Вашингтон, кој ќе се одржи од 9 до 11 јули. Полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш минатата недела изјави дека Полска и Литванија на самитот ќе го покренат прашањето за заштита на границите. „Во тек е хибридна војна на границата на Полска и Белорусија, како и на границата со Латвија, Литванија и Естонија“, рече Косињак-Камиш.