петок, 18 октомври 2024

Кина ги предупреди САД за Тајван: „Сфатете нѐ сериозно“

Кина соопшти дека „никогаш нема да се согласи на компромис“ по прашањето за Тајван како дел од првите воени преговори со САД од 2021 година, јавува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кинезите ги повикуваат САД „да престанат да го вооружуваат Тајван“ и да ја сфатат „сериозно“ нивната загриженост. „Кина ја изрази својата подготвеност за развој на здрави и стабилни воени односи со САД врз основа на еднаквост и почитување“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Кина тврди дека Тајван е дел од кинеската територија, но Тајван се смета за физички и политички одвоен од кинеското копно. Ова се случува само неколку дена пред клучните избори во Тајван, кои би можеле да ја приближат или оддалечат земјата од Пекинг.

Кинеското Министерство за одбрана, исто така, наведува дека САД мора сериозно да ја сфатат загриженоста на Кина, додавајќи дека Пекинг „нема да направи никаква отстапка или компромис за тајванското прашање и ќе продолжи да бара од американската страна да го почитува принципот на единствена Кина и да престане да го вооружува Тајван и да ја поддржува неговата независност“.

Тајван е клучна точка во борбата меѓу Кина и САД за превласт во Азија. Во август 2022 година, Кина одби да ги продолжи преговорите во знак на протест, откако тогашната претседателка на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, го посети Тајван.

Нивното продолжување на почетокот на оваа недела уследи по договорот постигнат од страна на кинескиот претседател Си Џинпинг и неговиот американски колега Џо Бајден за време на состанокот во ноември. Дводневните разговори завршија во вторникот во Вашингтон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ