петок, 25 октомври 2024

Ким Џонг Ун ѝ нареди на војската: Подгответе се за војна

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во средата ја прегледа теренската обука на војниците во главната воена оперативна база во западниот регион на земјата и нареди зголемена подготвеност за војна, објави денеска севернокорејската државна новинска агенција КЦНА.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Обиколката на базата, чија локација не е идентификувана, доаѓа по почетокот на годишните заеднички воени вежби на американските и јужнокорејските сили во понеделникот, во кои бројот на војниците е двојно зголемен во споредба со минатата година.

Ким рече дека војската мора „динамично да постави нов пик на интензивирање на воените подготовки во согласност со барањата на преовладувачката ситуација“, објави КЦНА.

„Нашата војска треба… постојано да ги интензивира вистинските воени вежби со цел брзо да ги подобри своите борбени способности за совршена воена готовност“, им ги пренесе агенцијата зборовите на Ким на војниците.

КЦНА не кажа дали Ким директно мислел на воените вежби на САД и Јужна Кореја. Тој ги посети војниците што вршат вистински маневри под услови што симулираат вистинска војна, објави агенцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ