недела, 20 октомври 2024

Ким Џонг Ун во посета на земјоделските површини по тајфунот во Северна Кореја

Објавено на

часот

Сподели

Ким ги пофали напорите на војската за спасување на посевите и рече дека војниците биле мобилизирани бидејќи не смеат да изгубат обработливо земјиште на „природното дивеење на земјоделскиот фронт директно поврзано со животите на луѓето“, објави новинската агенција КЦНА, пренесе Ројтерс.

Северна Кореја пати од голем недостиг на храна во последниве децении, вклучително и глад во 1990-тите, често како резултат на природни катастрофи. Меѓународните експерти предупредија дека затворањето на границите за време на пандемијата ковид-19 ја влоши ситуацијата.

Според КЦНА, од поројниот дожд и плимните бранови предизвикани од тајфунот, биле срушени насипите на реките и околу 200 хектари обработливо земјиште било поплавено во провинцијата Кангвон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ