сабота, 19 октомври 2024

Ким Џонг Ун „пријателски разговараше“ со Сергеј Шојгу во Пјонгјанг

Објавено на

часот

Сподели

Руските власти и кинеската делегација предводена од членот на Политбирото Ли Хонгџонг се првите познати странски посетители на Пјонгјанг откако границата беше затворена поради пандемијата во 2020 година, според јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Ким „пријателски разговараше“ со Сергеј Шојгу, кој му даде „потпишано писмо“ од рускиот претседател Владимир Путин, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Ким, исто така, „топло го поздрави другарот Ли Хонгџонг“, соопшти агенцијата, додавајќи дека Ли „со почит му го предал писмото од другарот Си Џинпинг“ на севернокорејскиот лидер.

Пјонгјанг денеска слави 70 години од потпишувањето на примирјето во Корејската војна на 27 јули 1953 година кога борбите завршија. Тој ден во Северна Кореја се слави како Ден на победата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ