вторник, 22 октомври 2024

Ким Џонг Ун му даде „целосна поддршка“ на Путин

Објавено на

часот

Сподели

Ким Џонг Ун му испрати честитка на рускиот колега по повод рускиот национален празник и уште еднаш ја поддржа Русија по почетокот на агресијата врз Украина.

Во соопштението објавено од севернокорејската новинска агенција КЦНА не се споменува инвазијата на Украина или учеството на Москва во вооружениот конфликт, но се пофалени „добрата одлука и лидерството на Владимир Путин да ги запре растечките закани на непријателските сили“.

„Ја поддржуваме Русија во светата и безмилосна борба за одржување на сопствениот суверенитет, развој и интересите на својата земја“, се вели во соопштението, алудирајќи на конфликтот против западните, империјалистички сили, поточно против Соединетите Американски Држави.

Северна Кореја и Ким Џонг Ун во исто време ја осудија западната воена помош за Украина и уште еднаш ја негираа сопствената помош со ракети и проектили на руската паравоена група Вагнер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ