недела, 20 октомври 2024

Ким Џонг Ун го одобри лансирањето на првиот воен шпионски сателит на Северна Кореја

Објавено на

часот

Сподели

За време на посетата на севернокорејската воздухопловна агенција, тој нагласи дека извидувањето од вселената е клучно за спротивставувањето на САД и Јужна Кореја, пренесува АП.

За време на посетата во вторникот, Ким одобри неодреден „иден акционен план“ како подготовка за лансирање на сателитот, соопшти севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Пјонгјанг не го објави датумот за лансирање, што според некои аналитичари би можело да биде во следните неколку недели.

Фотографиите објавени од весникот Родонг Синмун во вторникот покажуваат дека Ким и неговата ќерка, облечени во бели лабораториски мантили, разговараат со научниците во близина на објект што се чини дека е главна компонента на сателитот.

 

 

Посетата беше прво јавно појавување на Ким во последните месец дена, по претходната посета на воздухопловниот центар на 18 април, кога државните медиуми објавија дека сателитот е изграден, наведе АП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ