Кајхил е прво од најавените неколку освежувања на тимот на Андре Вилаш Боаш, а 26-годишниот стопер не го криеше воодушевувањето што доаѓа на „Стемфорд бриџ“. Тој доаѓа во Лондон за трансфер вреден седум милиони фунти.
„Челси е голем клуб, клуб што постојано атакува на трофеи и сето ова е голема шанса за мене. Вакви шанси во кариерата не се пропуштаат“, рече Кејхил на претставувањето како ново засилување на „сините“.
Доаѓањето на Кејхил ќе го исфорсира заминувањето на Алекс, а покрај англискиот репрезентативец, на штоперската позиција Вилаш Боаш ги има и Србинот Бранислав Ивановиќ, како и Бразилецот Давид Луиз. Кејхил би требало да биде сигурен патник на Евро 2012 во Полска и Украина, а тој во Болтон дојде во 2008 година од Астон Вила.
За него беше заинтересиран и Тотнем.