среда, 22 јануари 2025

Бивш шеф на владиното обезбедување осомничен дека потпишувал повеќе пари за плата на вработени

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство  Скопје поднесе кривична пријава против Б.З., поранешен вработен во МВР, на работно место началник на Одделение за обезбедување на Владата, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело ,злоупотреба на службената положба.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираше МВР, пријавениот, како началник на одделение за обезбедување на Владата, ја злоупотребил службената положба и овластување така што на полициски службеник  вработен во одделението со кој што раководел, му овозможил да се стекне со право за исплата на бонус плата за 2023 година иако не го исполнил условот утврден во Законот за работните однос, односно да нема отсуство од работа повеќе од 21 ден во текот на годината.

„Пријавениот, полицискиот службеник го ставил на списокот на полициски службеници кои ги оствариле условите за исплата на бонус плата за 2023 година врз основа на што на полицискиот службеник му било изготвено решение со кое му било утврдено право за исплата на бонус плата за 2023 година и му биле исплатени пари на неговата трансакциска сметка во износ од 36.614 денари, во кој износ го оштетил буџетот на Министерството за внатрешни работи“, информираше МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ