среда, 22 јануари 2025

Невладините групи бараат уредување и заштита на Длабок Дол и изградба на екопарк

Поголем број на невладините организации од Гевгелија и регионот поднесоа барање до Општина Гевгелија за уредување и изградба на еко парк на туристичката локација Длабок Дол. Длабок дол се наоѓа на планината Кожуф, на десетина километри од Гевгелија и важи за место кое изобилува со природни убавини и ендемични видови.

Објавено на

часот

Сподели

Во своето барање невладинтие велат дека со изградба на еко парк се промовира туризамот, но и дека ќе се добие ново место каде гевгеличани може да поминат добро време уживајќи во природата. Се проценува дека изградбата на паркот ќе чини 450.000 денари.

Во иницијативата учествуваат Млади за Македонија, здружение на екологисти Зрак, здружение на граѓани Од станица до граница, Спа и Велнес асоцијација на Македонија – СВАМ, здружение Аква Фортис, здружение МК-СИРК, Комитет за човекови права на Македонија и други.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ