сабота, 19 октомври 2024

Казни за возачи кои со моторни возила биле на забранети места на Шар Планина

Во изминатите неколку месеци санкционирани се повеќе од десет прекршители кои беа затекнати со моторни возила на локации на кои е забрането движење – во близина на Љуботен, Караниколичко Езеро, Кобилица и Добродолска куќа, информираат од Јавната установа Национален парк Шар Планина за резултатите од соработка со Државниот инспекторат за животна средина.

Објавено на

часот

Сподели

Согласно Законот за заштита на природата, а заради спречување на деградација на природата, движењето со моторни возила во природа е забрането освен во населени места и на сите видови патишта. За патиштата во рамки на паркот има и одреден режим.

„Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, на територијата на Национален парк Шар Планина нема определени површини на кои се вршат тест-возења, крос, спортски возења и слично. Забраната за движење на сите видови патишта, уредени патеки и полигони за возење во заштитените подрачја се уредува со одлука за режим на движење која ја донесуваат субјектите задолжени за управување со заштитеното подрачје“, соопштуваат од НП Шар Планина.

За движењето со моторни возила на територија на НП Шар Планина е воспоставен режим на движење со цел да им овозможи мир на дивите животни, заштита на природата и ресурсите во приватна сопственост како и уживање на љубителите на природата.

„Патиштата на кои е воспоставен режим на движење се претставени на карта, која е подготвена во согласност со Планот за управување со Националниот парк и Законот за заштита на природата, движењето со моторни возила во зоната на одржливо користење и заштитниот појас е дозволено по сите постоечки патишта. Движењето со моторни возила во зоната на активно управување е дозволена само по патиштата на кои е воспоставен режим на движење со исклучок за моторните возила со кои локалните жители стигнуваат до своите имоти или бачила“, информираат од Националниот парк.

Во зоната на строга заштита со претходно обезбедено одобрување од националниот парк, локалните жители можат непречено да се движат со моторно возило кон својот имот или бачило, иако се наоѓа на пат на кој е забрането движење на моторни возила.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ