понеделник, 22 јули 2024

Казнети осум возачи за користење мобилен телефон додека возеле

Сообраќајната полиција вчера во Скопје казни 132 учесници во сообраќајот за разни видови на прекршоци, меѓу нив и осум возачи кои користеле мобилен телефон за време на возењето.

Објавено на

часот

Сподели

На територија на град Скопје изречени се вкупно 132 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12 санкции, три мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, осум санкции за користење мобилен телефон при возење. Изречени се и осум мерки за некористење сигурносен појас, три санкции за минување на затворен сигнал.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, предупредуваат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ