Меѓу санкционираните, за возење без возачка дозвола биле 13, изречени се 17 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за користење мобилен телефон при возење.
„Изречени се три мерки за некористење сигурносен појас, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), како и казни за друг вид прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи“, стои во соопштението од МВР.