четврток, 24 октомври 2024

КАЗ-груп: Водостопанство тендерот го даде на 3Н-груп, фантом фирма на пензионерка и студентка (ВИДЕО)

КАЗ-груп, македонска компанија со четириесетина вработени и која има домашно производство, откако завчера, како што објави МКД.мк реагираеше и се жалеше што Водостопанство-Скопје на јавното наддавање избра фирма-човек со понуда три пати поскапа од нивната, денеска открива дека станува збор за ЗН-девелопмент груп (ТриН-груп), фирма на пензионерка и студентка.

Објавено на

часот

Сподели

Во видео обраќање КАЗ-груп информира дека од Водостоанство бил даден одговор дека техничката спецификација била внимателно подгтотвена, толку внимателно, „за точно да ја добие определена фирма“.

„Оваа компанија е отворена во 2022 година од 73-годишна жена која веќе десет години не е во работен однос и никогаш немала искуство во оваа индустрија, а за директор е назначена студентка. Јавно нека ни одговори сопственичката кој ја подготви онудата, кој стои зад фантом фирмата и која е гаранцијата дека ќе ги исполни барањата на Водостопанство“, изјави Анета Коробкина од КАЗ-груп.

Пред два дена Коробкина исто така преку видео обраќање побара помош од јвноста:

„Драги сограѓани, ни треба вашата поддршка и вие кажете дали ова не е случаj на неконтролирана злоупотреба на народни пари. На огласот број 16299/2023 од 14 септември за набавка за потребите на АД Водостопанство на РСМ единствен критериум за избор на понудувач беше пониска цена. Нашата понуда беше 3.399.803,39 денари, а избрана е понуда од 9.963.005,05 на трговското друштво со увезени странски производи 3Н дивелопмент груп. Ние имаме 40 вработени, а тие – еден. Ние имаме македонско производство, а тие нудат делови од увоз“.

Од Водостопанство потоа одговорија дека и по нивната жалба од соодеветната државна комисија било одговорено дека жалбата е одбиена како неоснована бидејќи понудата не одговарала на барањата со јавниот тендер.

Се работи за тендер за набавка на резервни делови за одржување на основните водостопански објекти за наводнување и одводнување со кои управува АД Водостопанство во државна сопственост.

Според податоците на Бирото за јавни набавки на тендерот учествуваа четири фирми – Техноскоп, Енергомот, 3Н груп дивелопмент и КАЗ груп. Понудите беа од 12,7 милиони денари на Енергомонт до 3,39 милиони денари на КАЗ груп. 3Н дивелопмент даде понуда од 9,9 милиони денари. Се работи за рамковна спогодба за 6 месеци.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ