недела, 24 ноември 2024

Катерина Димитровска ја заменува Марија Митева на пратеничкото место во Собранието

Државната изборна комисија денеска на седница го изгласа извештајот, со кој констатира дека пратеник во Собранието за остатокот од мандатот, согласно Изборниот законик станува Катерина Димитровска, на местото на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За твоја Македонија“.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, информираше дека 114-тата седница е свикана по добивање на известување од претседателот на Собранието, со кое ги информира дека Собранието денеска на седница констатирало престанок на мандатот на пратеничката Митева, која е избрана од листата на кандидати за пратеници за Изборната единица 1 поднесена од Коалицијата „За твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Согласно Изборниот законик, ДИК со свој допис го извести наредниот кандидат Катерина Димитровска, од листата на кандидати поднесена за пратеници во Собранието за ИЕ 1 од истиот овластен подносител – Коалицијата „За твоја Македонија“. ДИК доби писмено известување дека наредниот кандидат Катерина Димитровска го прифаќа мандатот за пратеник во Собранието за останатиот дел од мандатот согласно Изборниот законик“, информираше Кондарко.

ДИК го изгласа извештајот едногласно и донесе заклучок да се достави до Собранието, за да продолжи процедурата за верификација на мандатот на Катерина Димитровска.

Марија Митева на владината седница , на 8 октомври беше именувана за портпарол на Владата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ