сабота, 19 октомври 2024

Катастрофални поплави во Бразил: поројот носи сѐ пред себе, 84 загинати (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Уште 56 лица се водат како исчезнати, а најмалку 25 се повредени, изјави бразилскиот министер за регионален развој Даниел Фереира, пренесува Си-ен-ен.

Повеќе од 3.900 луѓе ги загубија своите домови поради разорните дождови, додаде тој.

Властите во државата Алагоас претходно објавија дека две лица ги загубиле животите во поплавите предизвикани од дождот.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=fZXSZJCdJPk autoplay:0]

Некои од смртните случаи се предизвикани од лизгање на земјиштето во пошироката област Ресифе, соопшти цивилната одбрана на бразилската држава Пернамбуко, која ги повика жителите што живеат во области со висок ризик да бараат засолниште на друго место.

Во самиот град Ресифе училиштата се отворени за сместување на раселените семејства.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека бразилската армија ќе им помогне на погодените и дека тој лично утре ќе отпатува во Ресифе за да ја процени ситуацијата.

„Нашата влада ги стави на располагање сите свои ресурси од првиот момент за да им помогне на погодените, вклучително и вооружените сили“, напиша тој денеска на Твитер, пренесува Си-ен-ен.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=Z_gbgFtezec autoplay:0]

Во некои области во североисточниот дел на Бразил, во изминатите 24 часа падна повеќе дожд отколку што се очекуваше во целиот месец мај.

Екстремни дождови го зафатија Бразил неколку пати во последните месеци.

Во декември дождовите предизвикаа експлозија на две брани во државата Баија, при што загинаа десетици луѓе и беа поплавени цели улици, јавува Си-ен-ен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ