сабота, 19 октомври 2024

Каталонците како услов за формирање влада на Шпанија може да бараат референдум за независност

Објавено на

часот

Сподели

ЕРЦ во писмото предлага заедничко барање референдум за независност на Каталонија, амнестија за осудените учесници на забранетиот референдум во 2017 и воведување на каталонскиот јазик во Европскиот парламент како еден од официјалните јазици. Тоа би биле условите за социјалистичкиот премиер Педро Санчез да остане на власт во Шпанија уште четири години.

Десниот блок партии доби 172, а левиот блок предводен од Санчез 171 пратеник на парламентарните избори во Шпанија одржани пред една недела. За составување на шпанска влада се потребни 176 пратеници во парламентот со 350 места, што ниеден блок не може да го достигне.

Разликата може да ја направат седумте пратеници на партијата на Пуџдемон. Уште седум пратеници има ЕРЦ, вклучен во левиот блок кој го поддржува Санчез. „Во многу комплицираното сценарио, за да се сопре шпанската десница, добар дел од каталонското општество реши да ги поддржи шпанските партии“, се наведува во писмото на ЕРЦ.

„Но гласањето на движењето за независност му даде нова шанса: четиринаесетте каталонски пратеници кои се залагаат за независност се неопходни за управувањето со државата“, се додава во писмото кое покрај Арагонес го потпишува и Ориол Жункерас. Жункерас беше осуден на затворска казна поради организирањето на референдумот со Пуџдемон пред нешто помалку од шест години.

Дека организирање референдум за независност би можел да биде услов за Санчез даде до знаење и Пуџдемон во соопштение објавено минатата недела од Белгија каде живее од есента 2017.

„Одбраната на Каталонија значи продолжување на напредувањето во политичките преговори кои мора да овозможат крај на репресијата и да им дадат глас на Каталонците за да можат слободно и демократски да одлучат за својата иднина на референдум“, порача ЕПЦ во писмото.

Партијата на Санчез минатата недела порача дека е спремна да разговара со каталонските партии, но „исклучиво во рамки на шпанскиот устав“. Шпанскиот уставен суд наведе претходно дека таков референдум не е во согласност со уставот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ