сабота, 19 октомври 2024
Мундобаскет 2023

Канада ја прегази Франција со 30 поени разлика

Објавено на

часот

Сподели

Мечот кој беше дерби на денот, заврши со комплетно неочекуван резултат, Канада со перфектна игра во второто полувреме буквално ја растури Франција.

Франција тргна добро, ја доби првата четвртина со 18-14, но потоа почна да тоне. На одморот се замина со предност на Канада од 43-40. Во третата четвртина Французите постигнаа само осум поени, тука Канада се одлепи на 20 поени разлика, а до крајот на мечот дополнително ја зголеми предноста и победи со 95-65.

Жилжус Александер со 27 поени и 13 скокови беше најдобар кај Канада, Олиник постигна 18, во составот на Франција, Фурние реализираше 21 поен.

Во оваа група се одигра и мечот меѓу Летонија и Либан кој го добија Летонците со 109-70. 

Италија во финишот го скрши отпорот на Ангола и победи со 81-67. Во оваа група се одигра и мечот на кој беше поставен нов рекорд во посетеност на едно СП, 38.115 гледачи беа присутни на победата на Доминиканскатата република над Филипини од 87-81.

Црна Гора со 91-71 го совлада Мексико, а Литванија со убедливи 93-67 беше подобра од Египет.

Германија немаше проблеми со Јапонија совладувајќи ја со 81-63, а Австралија со 98-82 ја победи екипата на Финска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ