„По информацијата добиена од дежурниот во ЦУК за паднат камион товарен со дрва во канал во Радишани и остварениот контакт со дежурниот во шумска полиција, добивме информација дека се запознаени со случајот, се во кординација со ПС Чаир и со полицијата вршат увид на самото место на несреќата со записник за истата. По завршениот увид од страна на шумската полиција возилото товарено со дрва ќе биде извлечено од каналот и транспортирано до Агенцијата за управување со одземен имот. До промена на смената на дежурниот во шумска полиција не е добиен одговор дали возилото е извадено од каналот“, соопштија од ЦУК.
Камион со дрва падна во канал во Радишани

ТОП ВЕСТИ