петок, 18 октомври 2024

Камион и автомобил се судрија во Дебар, повредени се маж и жена

Денес во 01.40 часот во ОВР Дебар е пријавено дека на улица.„Јусуф  Гравала“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило мерцедес со дебарски регистарски ознаки, управувано од Ј.Х.(18) од Дебар и патничко возило мерцедес со дебарски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ч.(38) од Дебар.

Архивска фотографија

Објавено на

часот

Сподели

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила Љ.Т.(53) од Дебар, сопатничка во товарното возило, додека возачот на патничкото возило се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Дебар.

Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ