„Гласот на Албанците од Прешевската долина триумфираше. Шаип Камбери го доби мандатот за пратеник да ги застапува Албанците и нивните права во Собранието, како што достоинствено ги застапуваше и бранеше во минатото. Честитки пријателе Шаип, да имаш здравје и успех во политичките битки!“, му порача лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.
„Духот на промените стигна и во Прешевската Долина“, напиша на Фејсбук лидерот на Демократско Движење, Изет Меџити.
„Долината одлучи. За пратеник е избран Шаип Камбери. Албанците веруваа и триумфираа. Духот на промените во Косово се одрази со доверба кон Шаип Камбери. Овој дух ќе ја одрази промената и во Северна Македонија. Честитки за Медвеѓе, Прешево и Бујановац! Честитки за Шаип!“, порача во честитката лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами.
„Му честитам на пратеникот Шаип Камбери за освоениот мандат, посакувајќи му здравје и просперитет во мисијата за достоинствено претставување на Албанците и заштита на нивните права во Србија. Обезбедувањето на овој мандат е сенародна победа. Одговорноста за успехот на оваа демократска мисија и за зачувување на националното достоинство каде и да се зборува албански јазик ја делиме сите ние, Албанците во Северна Македонија, Косово и Албанија. Нека биде успешно нашето заедничко патување кон патеките на напредокот“, се вели во честитката од лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Во својата изјава по дознаените резултати, Камбери во Прешево изјави:
„Пораката што се испраќа денеска е многу јасна. Прешевската долина сака соработка со Косово, а не конфронтација. Прешевската долина сака отпор, а не предавање. Сите што мислеа дека тука се сади семето на политичкиот конфликт со Косово, денеска го добија вистинскиот одговор. Нема ништо подобро од следење на гласот на народот“.