вторник, 16 јули 2024

Како оружјето од Србија завршува во Украина

Оружје од Србија завршува во Украина и српската јавност ја интересира како тоа се случува. Особено бидејќи каналите не се официјални.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Неделникот Време се бавел со таа тема па објаснува дека преку сомнителни посредници оружјето завршува во рацете на украинските војници. Имено, оружјето се набавува во Србија, а потоа им се продава на Американци и Украинци. Интересно е што во сè се вплеткани српски претприемачи, но и руски олигарси.

Според податоците на Српската стопанска комора, најголемиот дел од увозот од минатата година е „неквалификувана воена опрема“, додека според податоците на Стокхолмскиот институт за мировни истражувања (СИПРИ), американски увозници во Србија купиле 26 артилериски системи, 3.200 ракети и пет оклопни возила.

Се додава дека купувачи од САД купиле 15 милиони малокалибарски куршуми од државното претпријатие Југоимпорт за трговија со оружје.

Имајќи предвид дека оружјето кое го користи американската војска е значително посифистицирано од она кое се произведува во Србија, разумно е да се претпостави дека САД го префрлаат оружјето од Србија на трета страна, вели за Време Катарина Ѓокиќ од СИПРИ.

Се наведува и дека во трговијата е вплеткан Марк Моралес, американски трговец со оружје со врски во пентагон. Неговите компании минатата година од Србија увезле 16 милиони малокалибарски куршуми, додека во 2020, за „потребите за тестирање на американската војска“, купил Нора Б-52, самоодна хаубица на Југоимпорт.

Компаниите на Моралес ја снабдуваат американската војска и нејзините сојузници, а од почетокот на конфликтот во Украина склучиле договори вредни милијарда долари. Покрај тоа, од директната трговија со Украинците заработил уште 200 милиони.

Иако тоа го негира, Време од свои извори дознава дека Моралес соработува со трговецот со оружје Слободан Тешиќ, кој беше под санкции на Обединетите нации поради кршење на забраната за извоз на оружје во Либерија и кој е на американската црна листа. Минатата година Моралес увезувал муниција од компанија во сопственост на семејството на Тешиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ