вторник, 22 октомври 2024

Кај Пепелиште сѐ уште гори, огнениот појас е долг 10 километри

Огнениот појас од пожарот во реонот на армискиот полигон Пепелиште, Кај Криволак, е веќе 10 километри, но нема опасност и загрозување на населби, објекти и инфраструктура. Од утрово се дејствува врз пожарот, а Центарот за управување со кризи од МВР побара поддршка за целосно извидување на теренот од воздух и до граничната полиција Фронтекс за  извидување од воздух со дронови.

Објавено на

часот

Сподели

Пожарникари и вработени од јавните претпријатија на Неготино заедно со месното население се на терен и го гасат пожарот. Селата Пепелиште и Војшанци не се загрозени.
Се очекува на пладне хеликоптерот на МВР да делува на пожарот во правец од село Војшанци кон сртот на планината Серта, за да не се префрли пожарот кон Конечка Планина.
Кризниот штаб на Неготино ќе побара помош и од соседните општини.
Aктивни се и пожарите во Велес, кај селата Караслари, Црквино, Грнчиште, каде гори ниска вегетација и шума и во Струмица, село Дабиле каде гори ниска дабова шума.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ