вторник, 22 октомври 2024

Кадиров: Чеченски борци испратени на границата на Русија со Украина

Објавено на

часот

Сподели

Како што наведе Кадиров тие биле распоредени за да се спречат нападите на „украинските диверзантски групи“.

Во последниот месец, регионот на Белгород пријави серија прекугранични упади на „проукраински руски партизански групи кои себеси се нарекуваат противници на претседателот Владимир Путин“, пренесува Ројтерс.

Кадиров изјави дека борците на чеченската специјална единица Ахмат биле распоредени во близина на пограничното село Нехотејевка и контролниот пункт во областа Граиворон, местото на прекуграничниот напад во мај.

„Жителите на териториите долж границата со Украина можат да бидат мирни. Кој и да влезе во нашите граници ќе добие брз одговор“, напиша Кадиров на Телеграм.

Украина негира дека е вмешана во прекуграничните напади, додава Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ