петок, 25 октомври 2024

Кабинетот на Нетанјаху: Новиот предлог на Хамас за примирје е нереален

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека новиот предлог за примирје во Појасот Газа, кој претставниците на Хамас го претставија пред посредниците, „сè уште се заснова на нереални барања“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се вели дека ажурираните информации за ова прашање ќе ѝ бидат претставени на воената влада, пренесува Ројтерс.

Палестинската милитантна група Хамас претходно објави дека ја претставила својата „визија за мировен договор заснован на запирање на израелската агресија врз Палестинците во Појасот Газа“ пред посредниците во потенцијалниот договор со Израел.

Преговорите меѓу Израел и Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа за време на Рамазан, муслиманскиот месец на постот што започна во неделата, со посредство на САД, Катар и Египет, не дадоа резултати, иако сите страни изразија очекување дека е можен договор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ