петок, 18 октомври 2024

Јужна Кореја тврди дека Пјонгјанг е спремен на Русија да ѝ продаде нов тип ракети

Северна Кореја е можеби спремна да ѝ обезбеди на Русија нов тип ракети, а со спроведувањето понатамошни ракетни тестирања може да предизвика ескалација на тензиите пред изборите во Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави, кажа министерот за одбрана на Јужна Кореја, а пренесува Ројтерс.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Северна Кореја, на која ѝ се потребни пари, активно продава ново оружје кое Русија го сака“, кажа јужнокорејскиот министер за одбрана Шин Вок Сик за агенцијата Јонхап.

Шин ја наведе овонеделната посета на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на фабрика на оружје, каде бил во инспекција на погони во кои можеби се развиваат балистички ракети со краток дострел способни да носат тактички нуклеарни глави.

Северна Кореја, која претходно најави дека ќе распореди ракети на границата, може да ѝ продаде дел од нив и на Русија, имајќи ги предвид сомнежите дека неодамна веќе ѝ продала балистички ракети со краток дострел, кажал Шин.

Посетата на Ким на фабриката за оружје се случи во момент кога речиси 50 западни држави ја осудија наводната руската набавка и употреба на севернокорејски балистички проектили на Украина.

Пјонгјанг би можел да тестира балистички ракети со среден дострел уште овој месец и да лансира ракети со долг дострел за дополнително да ги ескалира тензиите пред клучните избори во Јужна Кореја и САД, додаде Шин.

Општите избори во Јужна Кореја ќе се одржат во април, додека американските претседателски избори се најавени за ноември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ