сабота, 20 јули 2024

Јужна Кореја го лансираше првиот шпионски сателит

Објавено на

часот

Сподели

Ова беше објавено нешто повеќе од една недела откако Северна Кореја го испрати својот прв шпионски сателит во вселената.

Ракетата Фалкон 9 на Спејс Икс полета од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија во петокот во 10 часот и 19 минути по локално време, соопшти американската компанија, пренесува Кјодо.

Министерството за одбрана на Јужна Кореја соопшти дека сателитот се одвоил од ракетата 14 минути по полетувањето и воспоставил комуникација со копнената станица.

Овој шпионски сателит е првиот од петте што Јужна Кореја планира да ги постави во орбитата до крајот на 2025 година користејќи американски ракети.

Се очекува сателитот да започне целосна операција во рок од четири до шест месеци, изјави извор од јужнокорејската војска.

Лансирањето беше планирано за четвртокот, но беше одложено поради лошите временски услови.

Северна Кореја објави дека нејзиниот сателит Малијонг-1 влегол во орбитата на 21 ноември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ