петок, 18 октомври 2024

ЈСП денеска вози како во недела, жичарницата е по редовен распоред, дел од паркинзите се бесплатни

Објавено на

часот

Сподели

Билетарниците и центрите за персонализација ќе работат единствено в сабота, а другите денови – петок, недела и понеделник ќе бидат неработни за сите продажни места.

Жичарницата за време на велигденските празници ќе работи вообичаено, од 10 до 18 часот. Нема да работи во вторник, 18 април. 

Автобуските линии 25 – Транспортен центар – Средно Водно, 25А – Автомакедонија – Средно Водно и 25Б – Дом на печат – Средно Водно ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Во однос на паркирањето денеска и во деновите на празниците, од Градски паркинг информираат:

Јавните паркиралишта „Народен фронт“, „АМСМ“, „Дом на печат“, „ЗОИЛ“, Тутунски комбинат и „8 Септември“ денеска ќе бидат слободни за паркирање.

Од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје информираат дека паркиралиштата „Кочо Рацин“, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, „Треска“ и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ ќе работат со редовно работно време од 00 до 24 часот.

Јавните површини наменети за паркирање – зоните А, Б и Ц ќе бидат отворени со редовно работно време од 7 до 21 часот, а зона Д од 7 до 23 часот.

В сабота јавните паркиралишта „Народен фронт“, „АМСМ“ и „Дом на печат“ ќе бидат слободни за паркирање. Тутунски комбинат и ЗОИЛ ќе работат со работно време од 07 до 14 часот, додека „8 Септември“, „Кочо Рацин“, „Градска болница“, Клинички центар „Мајка Тереза“, „Треска“ и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ ќе работат со редовно работно време од 00 до 24 часот.

Јавните површини наменети за паркирање – зоните А,Б и Ц ќе бидат со редовно работно време од 7 до 14 часот, а зона Д од 7 до 23 часот.

В недела јавните паркиралишта „Кочо Рацин“, „Градска болница“, Клинички центар „Мајка Тереза“, „Треска“ и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ ќе работат со редовно работно време од 00 до 24 часот.

Јавните површини наменети за паркирање – зони А, Б и Ц нема да работат.

В понеделник јавните паркиралишта „Кочо Рацин“, „Градска болница“, Клинички центар „Мајка Тереза“, „Треска“ и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ ќе работат со редовно работно време од 00 до 24 часот.

Јавните површини наменети за паркирање – зони А, Б и Ц, нема да работат.

Јавната површина наменета за паркирање – зона А0 Водно в сабота, недела и понеделник ќе работи со редовно работно време од 8 до 16 часот. 

                                                                                                                     Фото: П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ