вторник, 22 октомври 2024

Јовиќ во 95. минута ја спаси Србија од пораз против Словенија и ја остави во живот (ВИДЕО)

Србија беше на чекор до елиминација од Европското првенство по само две кола, но благодарение на погодок на Лука Јовиќ во 95. минута дојдоа до бод против Словенија играјќи 1-1 и ги задржија шансите за место во осминафиналето.

Објавено на

часот

Сподели

Србија и Словенија одиграа интересен натпревар со шанси и на двете страни, на крајот ги поделија бодовите играјќи 1-1.

Словенците може да жалат бидејќи секунди ги делеа од победа, Србија може да биде среќна поради ремито иако целеа на три бода пред почетокот на мечот.

Шанси имаа и двете екипи, Митровиќ промаши неколку можности, ја погоди и пречката. Шанси имаше и словенија, Шешко имаше неколку одлични шута, и тие имаа статива.

Резултатот беше отворен во 69. минута кога бекот Карничник одзема една топка, па одлично ја следеше акцијата и на крајот постигна гол по асистенција од Елчник за водство на Словенија од 1-0.

Србите се мачеа да дојдат до гол, кога се чинеше дека ќе го загубат натпреварот, по еден корнер, Јовиќ погоди со глава во 95. минута за конечни 1-1.

Ако Србија ја победи Данска во последното коло најверојатно ќе обезбеди место во осминафиналето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ