петок, 25 октомври 2024

Јордан заедно со САД, Франција и Египет ја испорача најголемата помош за Газа досега

Јордан денеска објави дека во соработка со Соединетите Американски Држави, Франција и Египет го извршил најголемото испуштање храна и хуманитарна помош од воздух во Појасот Газа.

Објавено на

часот

Сподели

Во операцијата учествувале три авиони на јорданските вооружени сили, три американски авиони, еден египетски и еден француски авион.

Помошта била фрлена на северот на Газа. Пакетите прикачени на падобраните содржат помош од Светската програма за храна (ВФП), соопштија јорданските вооружени сили.

Јордан од ноември испорачува храна и залихи во Газа по воздушен пат. Неодамна, и други земји почнаа да се приклучуваат во овие операции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ