петок, 14 март 2025

Јончевски: Се надевам дека Димитријевиќ и Шортс како тандем ќе функционираат беспрекорно

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски вели дека сега со мислите се насочени само кон Естонија, а дури потоа ќе размислуваат на Полска.

Објавено на

часот

Сподели

Пред Македонија се последните два меча од квалификациите за ЕП, во петок гостуваме кај Естонија, а во понеделник ја пречекуваме Полска.

Селекторт на Македонија, на располагање ги има и Димитријевиќ и Шортс кои првпат ќе играат заедно.

„Во моментов размислуваме само на Естонија и на натпреварот кој мора да го добиеме за да одиме понатака, а за Полска ќе се подготвуваме по Естонија. Имаме мотив, имаме желба, составот можеби не е во најпосакуван изглед по моментов. Имаме среќа што Ненад Димитријевиќ е со нас, тука го имаме и Ти-Џеј Шортс. Се надевам дека како тандем ќе функционираат беспрекорно и ќе дојдеме до победа. Со Јакимовски сум во контакт, имавме позитивни одговори од Колорадо затоа што имаа минимални шанси да се квалификуваат понатаму. Но, пред скоро добивме порака дека тимот има шанси да оди понатаму. Се надевам дека ќе се појави тој во Талин и ќе го имаме на располагање. За разлика од претходниот циклус, го имаме Теодор Симиќ, кој се надевам дека ќе помогне за игра под кошевите, најголемиот проблем кој го имавме претходно со такви физички репрезентации. Тука гледам наша шанса и за некоја брза игра, да ги бркаме тие пет поени негатива во Талин“, вели селекторот Јончевски.

За да ги задржиме шансите потребна ни е победа против Естонија од најмалку пет поени разлика.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ