петок, 18 октомври 2024
Средба во Минстерството за правда

Јолевски му кажа на Лога дека бара Советот на јавни обвинители да може да поведува дисциплинска постапка

Објавено на

часот

Сподели

„Министерот за правда Кренар Лога одржа работна средба со претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски на која се разговараше за актуелните состојби во јавнообвинителскиот и судскиот систем.

Јолевски побара во Стратегијата за реформи во правосудниот систем 2023-2027 година да се зголеми надлежноста  на Советот на јавни обвинители  во делот на одговорноста и во упатувањето на јавните обвинители.

Се предлага Советот да има можност да  поднесува предлог за поведување на дисциплинска постапка. Министерот Лога посочи дека ваквите предлози ќе бидат разгледани при изготвувањето на Стратегијата. На состанокот се дискутираше и за подобрување на АКМИС и Кејс менаџмент системот“, се вели во соопштението од Министерството за правда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ