Српскиот ас сега не оствари трипл дабл и ја прекина серијата од пет натпревари со таков ефект, но затоа го одигра вториот најдобар натпревар во кариерата кога станува збор за една друга статистичка категорија. За нешто повеќе од 36 минути на теренот, тој постигна 34 поени, 13 скока и 8 асистенции и имаше +/- од +39 што ретко се гледа на кошаркарските терени. Подобар ефект во оваа категорија имал само против Минесота минатата сезона кога остварил +40.
Можеби и ќе го собореше личниот рекорд ако по три четвртини Денвер не создадеше голема предност и во последниот период малку време помина во игра. Лејкерс беа конкурентни во првото полувреме, по 24 минути водеа со 63-57, но во вториот дек на теренот постоеше само една екипа. Денвер постигна 70, а прими само 39 поени и си замина со убедлива победа која многу значи за самодовербата на тимот.
Кај Денвер се истакаа и Портер со 24 поени и 11 скока, Мареј со 14 поени и Вестбрук со 14 поени, 11 асистенции и 7 скока. Јокиќ апсолутно ја доби битката со Ентони Дејвис кој остана на само 14 поени со шут од игра 6/19 и покрај тоа што оствари 10 скока. Остин Ривс беше најефикасен со 19 поени, додаде Леброн постигна 18.
РЕЗУЛТАТИ
ЛА Лејкерс – Денвер 102-127
Сан Антонио – Голден Стејт 104-94
Чикаго – Мемфис 131-142
Хјустон – Портланд 98-104
Милвоки – Шарлот 125-119
Орландо – Детроит 111-100
Јута – Њујорк 121-106