Клучна за победата беше првата четвртина во која Денвер направи разлика, таа заврши со 40-27, потоа Нагетс само ја одржуваа предноста за победа од 135-122.
Никола Јокиќ беше најдобар на теренот постигнувајќи 30 поени, имаше 14 асистенции и 11 скокови, Србинот имаше поддршка од Џемал Мареј кој даде 28 поени. Во составот на Мајами најефикасен беше Хироу со 24 поени, имаше и 11 асистенции.
Резултати:
Шарлот – Индијана 103-83
Детроит – Атланта 122-121
Орландо – Њу Орлеанс 115-88
Бостон – Бруклин 108-104
Кливленд – Голден стејт 136-117
Далас – Феникс 113-114
Њујорк – Милвоки 116-94
Мемфис – Вашингтон 128-104
Оклахома – Хјустон 126-107
Денвер – Мајами 135-122
Минесота – Портланд 127-102
ЛА Лејкерс – Филаделфија 116-106
Сакраменто – ЛА Клиперс 98-107