сабота, 19 октомври 2024

Јокиќ и Дончиќ со трипл-дабл ги предводеа своите тимови до победи (ВИДЕО)

Денвер го совлада Бостон со 115-109, а Далас славеше над Мајами со 114-108, Никола Јокиќ и Лука Дончиќ беа ѕвезди на овие натпревари.

Објавено на

часот

Сподели

Денвер победи против најдобриот тим во досегашниот дел од сезоната, Бостон. Никола Јокиќ беше предводникот во триумфот.

Србинот постигна 32 поени, имаше 12 скокови и 11 асистенции, запишувајќи уште еден трипл-дабл. Најефикасен на мечот беше кошаркарот на Бостон, Браун со 41 поени, имаше и 14 скокови.

Триумф забележа и Далас, тие беа подобри од Мајами, а Дончиќ ја имаше доминацијата на овој меч.

Словенецот беше најдобар на паркетот со 35 поени, 11 скокови и 11 асистенции. Најдобар кај Мајами беше Розиер со 37 поени и 11 асистенции.

Резултати:
Детроит – Бруклин 118-112
Индијана – Минесота 111-113
Далас – Мајами 114-108
Феникс – Торонто 120-113
Денвер – Бостон 115-109
Голден стејт – Чикаго 122-125
Сакраменто – Сан Антонио 131-129

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ