сабота, 19 октомври 2024

Јокиќ го надигра Вембањама, Денвер го победи Сан Антонио (ВИДЕО)

Никола Јокиќ му одржа лекција на француското чудо, Вембањама, Србинот најде лек за неговите долги раце и со извонредна партија го предводеше Денвер до гостинска победа кај Сан Антонио од 117-106.

Објавено на

часот

Сподели

Денвер водеше речиси во целиот тек на мечот, Сан Антонио успеа да ја намали негативата на минус четири во третиот период, но во четвртата четвртина шампионот се одлепи и на крајот славеше лесна победа.

Никола Јокиќ го надигра Вембањама, српскиот кошаркар беше најдобар на теренот со 31 поен, Вембањама постигна 17 поени. Најефикасен во Сан Антонио беше Сочан со 19 поени.

Резултати:
Шарлот – Феникс 96-107
Детроит – Мајами 95-108
Торонто – Орландо 103-113
Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 112-104
Сан Антонио – Денвер 106-117
Јута – Атланта 124-122

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ